Lenovo на CES ги претстави своите нови адути за иднината

Компанијата Lenovo на саемот CES во Лас Вегас ја претстави својата визија за технолошки иновации за 2018. година.

Чекор нанапред кон виртуелната реалност е направен со помош на Lenovo Mirage Solo и Daydream хедсетот кој што ја носи можноста за „нурнување“ во виртуелната реалност. Благодарение на камерата Lenovo Mirage и технологијата Daydream, корисниците ќе можат да забележат важни животни моменти и на овој хедсет повторно да ги доживеат во 3Д формат.

Професионалцие исто така ќе можат да го трансформираат својот начин на работа во проширена реалност (AR) со помош на паметните очила Lenovo C220 Smart Glasses. Овој уред за проширена реалност не бара контрола со рацете и го користи потецијалот на паметниот телефон за извршување на задачи.

ThnikPad исто е зајакнат со освежената Х1 и иновациите на сериите X, T и L. Благодарение на апликациите Lenovo Vantage корисниците сега ќе можат да префрлуваат фајлови и поставки меѓу компјутерите.

Иновациите кога е во прашање Х1 се однесуваат екранот, приватноста и поврзаноста. X1 Tablet сега доаѓа во големина од 13-инчи со 3К екран и опционално LTE-A поврзување. На уредите X1 Carbon и X1 Yoga ќе биде овозможено Amazon Alexa со врвна поддршка за Dolby Vision HDR3, како и напредната ThinkShutter Camera Privacy која што ја отстранува потребата за покривање на камерата со леплива хартија.

Покрај тоа, X1 Carbon уште повеќе ќе го сакаат корисниците затоа што ќе има екран чувствителен на допир, а исто така импресивно звучи тоа што батеријата ќе трае околу 15 часа.

Lenovo Thunderbolt 3 Graphics Dock овозможува на одбрани компјутери на Lenovo да се конектираат до три 4К екрани – истовремено се добива панорамски преглед и ова е прилично примамливо за гејмерите.

Извор: Zimo.hr

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 + nineteen =