Програмерите на бесплатната апликација „Google Arts & Culture App“ на интернет-корисниците им овозможија да прикачуваат сопствено селфи со надеж дека ќе го пронајдат нивниот двојник во огромната дигитална колекција.

Од друга страна, со оваа апликација младите луѓе почнаа да ги пречекоруваат праговите на музеите во повеќе од 70 земји.

Како функционира апликацијата?

По инсталирањето на апликацијата на вашиот телефон или таблет, одете надолу до прашањето: „Is your portrait in a museum?“

Кликнете „get started“ (мора да ѝ дозволите на апликацијата да добие пристап до камерата на уредот).

Направете селфи. Апликацијата веднаш ќе почне да го анализира селфито и во неколку секунди ќе ви ги даде портретите што се совпаѓаат со вашето селфи.