Спектакуларно лајт шоу на CES во Лас Вегас (ВИДЕО)

Небото над Лас Вегас синоќа беше осветлено од светлечки дронови кои што направија вистинско шоу над популарната фонтана пред хотелот „Белаџио“.

Светлечкото шоу со синхронизираните дронови е направено по повод одржувањето на најголемиот саем за потрошувачка електроника – “CES” во Лас Вегас каде што деновиве се вперени очите на целиот технолошки свет.

Дроновите се наречени “The Shoting Stars” и биле програмирани за да летаат без да се судрат и да направат синхронизирано летечко шоу.

Светлечкото шоу било организирано од компанијата Интел од каде што соопштија дека биле ангажирани 250 дронови кои што синхронизирано ја менувале траекторијата и боите, а најинтересно е тоа што со нив управувало само едно лице.

Дроновите биле специјално изработени од пластика и пена, им биле вградени ЛЕД светла и поседувале исклучително добар GPS и други сензори.

Извор: Klix.ba

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 + ten =