Американски планетолози објавија дека имаат докази за постоење на чиста вода на Марс. Колку и да звучи неверојатно, тие велат дека откриле осум големи ледени насади во умерените и поларните делови на Црвената планета. Според мислењето на планетолозите, тие содржат чиста вода доволна за да се создадат бази и да се проучува минатото на оваа планета.

„Во близина на површината има резерви на мраз, кои веројатно се дело на акумулации на снег кои се компресирани во еден гигантски глечер. Тие се скриени два метри под  замрзната прашина и почва“, вели еден член на истражувачкиот тим на геолошкиот институт од САД.

Студијата покажала дека околу една третина од површината на Црвената планета содржи мраз или други форми на вода. Планетолозите најпрвин претпоставуваа дека мразот може да биде на плитка длабочина, но последните тригодишни истражувања велат дека тоа и не е така, па за да се дојде до чиста вода ќе треба да се помине под дебел слој од замрзнатата површина на планетата.