Врховниот суд во Белфаст донесе пресуда против Facebook кој ќе треба да му плати обештетување на 14-годишно девојче. Компанијата ќе мора да го плати износот што таа ќе го побара од нив. Ова е прва пресуда против Facebook.

Девојчето, чија гола фотографија била објавена на Facebook ја тужеше компанијата за психички трауми кои можеле да бидат спречени. Нејзината фотографија била објавена поради уцена од неидентификувано лице, но потоа луѓето почмнале да ја споделуваат на своите профили и покрај предупредувањата од родителите на девојчето. Според судот, Facebook требал и можел да го спречи ширењето на фотографијата, која се објавувала на нивната социјална мрежа од ноември 2014 до јануари 2016 година.

„Ако овие фотографии биле објавени во весник или на ТВ, ќе имало сериозни реперкусии. Истите закони треба да се применуваат и за платформите што се користат во светот на социјалните медиуми“, истакнале адвокатите на девојчето. Тие тврделе дека Facebook имал моќ да го блокира споделувањето.

Ова е првпат социјална мрежа да биде осудена поради ширење несоодветна содржина.