Професии што ќе бидат во пораст во 2018. година

Иднината на работата ќе биде утврдена од вештачката интелигенција и автоматизацијата. Овие технологии ќе елиминираат некои работни места, но и ќе создадат нови можности и поголема побарувачка за работните места што луѓето ги извршуваат најдобро. Ова се позициите што ќе бидат во пораст оваа година.

Машински тренер

Потребна е многу напорна, тешка работа за тренирање на софтверот на вештачката интелигенција, за таа да биде интелигентна. Во декември „Гугл“ ангажирал 10.000 работници за да помогнат да се исчисти содржината на „Јутјуб“ и да ја обучат технологијата за машинско учење. Создадените работни места можеби нема да бидат гламурозни, ниту постојани, но ќе бидат клучни во транзицијата кон поавтоматска работна сила.

Инженер на вештачка интелигенција

Компаниите за вештачка интелигенција регрутираат работници со врвно знаење на оваа тема, меѓутоа, до нив е тешко да се дојде, иако платите се слични како на професионалните спортисти. На конференцијата за системи за обработка на неврални информации во декември, компаниите одржаа забави со цел да ги привлечат талентите. Веројатно не постои побарана вештина во светот на технологијата.

Стример на видеоигри

Веб-страницата за стриминг на игри „Твич“ веќе има над 25.000 луѓе што заработуваат пари на својата платформа, а оваа бројка расте брзо. Со над 15 милиони активни корисници во текот на денот на оваа платформа, побарувачката за содржина (и играчки) е доста висока.

Негувател

Иако многу работни места ќе се автоматизираат, здравствената заштита сè уште бара социјална интеракција и човечки допир. Стареењето на популацијата ќе донесе зголемена побарувачка за помошници за домашна нега и помош за лична нега. И покрај потребата, овие работни места не се доволно платени. Но тоа е нешто што наскоро би можело да се промени, со оглед на тоа што побарувачката продолжува да расте.

Извор: MIT Technology Review 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × three =