Пред околу 3 месеци беше откриена софтверската ранливост на сите уреди кои се поврзуваат на безжични мрежи а притоа се користи WPA2 заштита. Wi-Fi Alliance објави дека ќе превземе дополнителни мерки за подобра сигурност на уредите за безжично поврзување. Деталите за техничките спецификации засега се штури, но се знае дека WP3 ќе содржи зацврстена енкрипција на податоците на отворени wi-fi мрежи, зголемена заштита дури и кога корисниците ќе употребат лозинки кои не се доволно сложени, поедноставен процес за управување со сигурноста на уредите кои се без екран, како и користење на екрипција од 192 бити.

Првите уреди со WPA3 сертификација би требало да се појават во текот на оваа година. Бидејќи уредите треба да добијат нова сертификација за користење на WPA3, тоа нема да може да се направи со помош на софтверска надградба, па сепак ќе треба да се очекуваат нови модели.