Едно од технолошките чуда претставени на саемот CES во Лас Вегас е и интересната Li-Fi светилка која емитува Интернет директно до вашите уреди. Замислете поради некоја причина да не сакате да поставувате Wi-Fi во домот. Тука стапува на сила технологијата Li-Fi, која, патем, не е ништо ново, а е направена за вашите уреди да ги опсипе со Интернет.

Како што пишува tportal.hr, светилката го прави тоа така што со посебно инфрацрвено светло испраќа и прима податоци со брзина од 23 MBps, а за комуникација со компјутер и треба посебен USB приклучок. Откако ќе го вклучите компјутерот и кон него го насочите светлото од светилката едноставно – имате Интернет. USB приклучокот има иста технологија која е сокриена во светилката, што значи дека ламбата сама по себе е повеќе или помалку шминка.

Креаторите на светилката го рекламираа проектот на Indiegogo, а најавуваат и широка палета други производи како собно осветлување, столни ламби и други креации. Li-Fi претставува технолошко решение кое го комплицира спојувањето на Интернет, но има една главна цел – оневозможување на неовластени корисници да пристапат до безжичната мрежа.

Извор: Иновативност.мк