Зависноста од мобилните телефони би можела да ги уништи наредните генерации.

Акционери го предупредуваат менаџментот на компанијата Apple да се концентрира на проблемот со детската зависност од мобилни телефони поради стравот дека развојот на технологијата ќе ја уништи младата генерација.

Предупредувањето го издале двајца акционери кои изразиле загриженост поради сè поголемата зависност од мобилните телефони и социјалните мрежи во најраниот период од животот.

“Постои консензус кој се усвојува ширум светот, вклучувајќи и во Силиконската долина, дека уште сега треба да работиме на потенцијалните последиците од новата технологија. Ниедна компанија не може да пренесе одговорност на некоја друга. Apple би можел да одигра клучна улога, сигнализирајќи ѝ на индустријата да обрати внимание на здравјето и развојот на новите генерации”, се наведува во отвореното писмо.

“Jana Partners” и “California State Teachers” поседуваат акции во Apple во вредност од 2 милијарди долари.

Инаку, и починатиот Стив Џобс бил загрижен поради времето кое неговите деца го поминуваат пред своите уреди, па затоа и самиот им ја ограничувал употребата на интернет и телефони.

Извор: B92.net