Компанијата Samsung изјави дека постојат одредени проблеми со батеријата на мобилниот телефон Galaxy Note 8.

Daily Mail пишува дека корисниците на телефонот се пожалиле дека не можат да го вклучат својот телефон откако ќе им се испразни батеријата, односно откако уредот сам ќе им се исклучи. Тие не можеле да го вклучат телефонот дури и откако ќе ја наполнат батеријата.

После обвинувањата од неколку корисници, Samsung Germany се огласи:

„На секоја жалба гледаме сериозно. Примивме мал број на жалби, а во блиска иднина очекуваме дека ќе можеме да го коментираме овој проблем кога ќе имаме повеќе детали за погодените уреди.“, стои во соопштението за јавноста.

Galaxy Note 8 беше пуштен во продажба во септември 2017 година, а се работи за модел кој беше лансиран после моделот Note 7 кој беше познат по проблемите со батеријата.