На Аљаска е пронајден скелет на бебе стар 11.500 години, пренесуваат тамошните медиуми. Се претпоставува дека станува збор за ДНК составот на првиот жител на Америка.

Скелет на бебе старо шест седмици бил пронајдено во 2013 година, за време не археолошки ископувања во областa Upward Sun River, објавено е во магазинот Nature.

Сега, генетските истражувања на скелетот на девојчето ја потврдуваат тезата дека пред 20.000 години постоела миграција на жителите од Сибир во таа област.

Се смета дека падот на нивото на морската вода во тоа време, во Беринговиот проток, веројатно довел до суша во таа област.

Професори од Унверзитети во Копенхаген и Кембриџ, претспоставуваат дека тие први доселеници на Алјаска би можеле да бидат предци на првите жители на Американскиот континент.

Извор: Vijesti24.ba