Научниците најавија дека кон крајот на овој месец следува т.н. „крвава супер-месечина“. Сама по себе, „крвавата месечина“ не е невообичанена, но не често може да се забележи истовремено со целосно затемнување. Последен пат ваков феномен е забележан пред најмалку 150 години, а следните повторувања можат да се очекуваат на 31 кемеври 2028 и 31 јануари 2037 година.

Според научниците, во мракот ќе се појави целосна „крвава месечина“, која жителите на западната хемисфера на планетата ќе можат први да ја видат.

Супер-месечината е астрономски феномен кој се јавува кога полна месечина се совпаѓа со моментот на најблиското растојание на Месечината и Земјата. Во овој случај, најсветлата црвена сенка се создава поради фактот што небесните тела се наоѓаат во сенката на планетата, а само дел од светлината допира до нејзината површина.