Откако Apple беше ставен во безизлезна ситуација поради тоа што намерно ја намалуваше брзината на работењето на постарите модели на паметни телефони, компанијата почна програма за замена на батериите по намалени цени кај постарите iPhone модели.

Голем број корисници во декември ја тужеа компанијата поради намерното намалување на перформансите на телефоните. Како одговор тие решија да започнат програма за замена на батериите на постарите модели.

Полната цена за промена на батериите од страна на специјализираните Apple техничари е 79 долари.

Со тоа се разгореа шпекулациите и се потврдија теориите на заговор кои кружеа помеѓу технолошките кругови дека компанијата намерно ги намалувала перформансите на постарите iPhone модели за да ја зголеми продажбата на новите модели.

При крајот на изминатата година компанијата објасни дека успорувањето било дизајнирано со цел заштита на батериите на постарите модели.

– Трошењето на батериите зависи од брзината на работењето на целиот систем на оперативниот систем iOS, соопшти Apple . Компанијата посочи дека новите верзии на програмата се огромно оптоварување за дотрајаните батериите на старите модели кои би можеле да крахираат, па затоа била намалена брзината на работењето на самата програма и на отварањето на апликациите.

Тие се извинија до своите клиенти и ветија намалена цена за замена на батериите.

Некои од оштетените сопственици кои ја дадоа на суд компанијата укажуваат дека биле ставени во заблуда и принудени да купат нов уред, без да знаат дека проблемот може да се реши со обична замена на старата батерија, што чини многу поевтино.

Други клиенти пак, посочуваат дека проблемот не е во забавеното работење на телефоните, туку поради неможноста за избор. Односно Apple не им дал можност да контролираат дали сакаат заштита на батеријата и намалени перформанси или нормална работа на телефонот.