Засега проблемот со батериите не е на нивото од пред крајот на 2016-та година, кога се случуваа да експлодираат батерии на телефони од моделот Samsung Galaxy Note 7. Засега се засегнати ланските премиум модели, Note 8, S8 и S8+. Проблемот се јавува кај минимален број на корисници и во тие случаи батеријата на телефонот не е во можност да се наполни. Констатирано е дека ова се случило кај телефони на кои корисниците целосно ја истрошиле батеријата, па телефонот не е во можност воопшто да започне да се полни.

Од Samsung изјавија дека се запознаени со проблемот, а бидејќи станува збор за минимален број на корисници, батеријата ќе биде заменувана само кај оние корисници кои ќе го пријават дефектот.