Huawei во текот на 2018. година наместо P11 мобилните телефони би требало да ги претстави моделите P20, P20 Plus и P20 Pro кои според претходните информации, ќе бидат опремени со по три задни камери.

Се чини дека информациите што Еван Блас ги пласираше на почетокот на декември се точни, затоа што други, кинески извори почнаа да споменуваат дека следниот премиум телефон на Huawei ќе пристигне со три задни камери.

Но, се чини дека Блас овој пат погреши во врска со имињата на новите мобилни телефони: според најновите информации, идниот предводник на Huawei нема да биде P11, туку P20. Изворот вели дека P20 и P20 Plus моделите ќе бидат засновани на Kirin 970, a P20 Pro на новиот Kirin 975 SoC и сите три модели ќе имаат по 6 GB RAM и најмалку 64 GB интерна меморија.

Huawei, исто така, на почетокот на 2018 би требало да претстави вкупно три модели – P20, P20 Plus и P20 Pro. Сите три модели од задната страна би требало да имаат по три камери, а како што се гледа, секој од нив ќе има различна позиција на камерите.

Камерите на основниот модел P20 ќе бидат хоризонтално поставени во горниот лев агол. Камерите на малку поголемиот модел, P20 Plus, ќе бидат исто така во левиот агол на куќиштетот, но верикално, една под друга. Најразличната позиција е резервирана за моделот P20 Pro – камерите ќе бидат сместени вертикално и централно во горниот раб на куќиштето.

Според претходните информации, камерите ќе имаат резолуции од 40 MP и можност да хибридно зумирање до 5X. Сите три модели би требало да имаат и екран во размер 18:9, a скенерот за отпечаток на прстот ќе биде составен дел од споменатите модели, со тоа што на моделите P20 и P20 Plus ќе биде сместен во предниот, а во P20 Pro моделот на задната страна на куќиштето.

Официјалните спецификации нема да бидат објавени уште некое време, барем не до саемот MWC 2018, кога се очекува дека ќе бидат претставени споменатите мобилни телефони.