Компанијата Blackview го претстави новиот паметен телефон P6000, кој има батерија со капацитет од 6180 mAh, а дебелината на куќиштето од само 9,8 mm, што е рекорд. Производителот ветува дека телефонот во режим на постојани телефонски повици може да работи цели 40 часа. Исто така, уредот поддржува брзо полнење и има опција за скен на лицето на сопственикот.

Компанијата до 4 јануари ги прима првите пред-порачки за новиот модел кој очигледно ќе предизвика огромен интерес. Blackview P6000 има 5,5-инчен дисплеј со Full HD резолуција и класичен 16: 9 сооднос на форматот. Телефонот е со осумјадрен MediaTek Helio P25 процесор со максимална фреквенција од 2,66 GHz и 6 GB RAM меморија. Капацитетот на вградената меморија е  64 GB со можност за проширување.

Главната камера е двојна и има резолуција од 21 мегапиксели. Предната камера е со 8 мегапиксели и поддржува препознавање лице за брзо отклучување без внесување на лозинка. Исто така, моделот има скенер за отпечатоци, со кој можете да го ограничите пристапот до апликации и датотеки.