Super Mario помага во спречување на деменција

Деменцијата, која луѓето вообичаено ја нарекуваат сенилност, е постепено влошување на интелектуалната способност се до оштетување на способноста за социјализација и работа. Најистакнати симптоми се губење на способноста за размислување, губење на памтењето и способноста за логички заклучоци, а еден од начините за превенција на деменцијата е стимулирање на мозокот за креирање т.н. когнитивни резерви со помош на кои мозкот останува во добра форма.

За да се стопира напредокот на деменцијата и се повеќе да се активира мозокот научници од Универзитетот во Монтреал ја избраа популарната 3D игра Super Mario како една од методите и докажаа дека е најефикасна во борбата против пропаѓањето на мозокот.

Научниците открија дека играњето 3D или логички игри влијае за зголемување на сивата материја во хипоталамусот, односно делот од мозокот задолжен за управување со одлуки и меморија, што е од витално значење за учењето нови вештини затоа што играчите во таа прилика користат мемориски процеси. Кај луѓето во ран стадиум на деменција се намалува овој многу битен дел од мозокот.

Во истражувањето учестувале 33 луѓе на возраст од 55 до 75 години кои биле поделени во две групи. Првата група играла Super Mario 64, а другата по прв пат учела да свири клавир. Позитивните ефекти на крајот се уочени само кај тие што ја играле играта. Истражувањето покажало дека лицата кои играле Super Mariо 64 само два месеци имале поголемо просторно и епизодно памтење во споредба со тие кои учеле да свират клавир. Играњето игри како 3D Super Mariо во текот на два месеци може да го подобри капацитетот на мозокот и да помогне за превенција на деменција како кај старите така и кај помладите возрасни лица.

Извор: Zimo.hr

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen − eleven =