Звучници што се активираат со гласовна команда (ВИДЕО)

Компанијата Google ги лансираше на пазарот своите нови и досега најсофистицирани звучниви, што се активираат и контролираат на допир, но и преку гласовна команда.

За да го активирате звучникот, треба само „да му кажете“: „OK Google“. Станува збор за Google Home Max, висококвалитетен пренесувач на звук кој содржи два 4,5­ инчни вуфери, 3,5­-милиметарски аудио влез и USB приклучок.

Натаму, уредот има шест далекусежни микрофони за препознавање глас и LED светилки за сигнализација и полесно управување. Цената на звучникот изнесува 399 долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two + nineteen =