World of Tanks со нов подобрен енџин

Wargaming најави една од најголемите промени во играта и нејзиното излегување под верзијата 1.0 кое се планира за март 2018. Целосно е преработен енџинот на кој функционира World of Tanks, односно развиен е сосема нов, графичките унапредувања се големи, најавени се 25+ ултра реалистични мапи кои се преработи на постоечките или целосно нови, звукот е подобрен, а најбитната информација е дека сето ова не би требало да се одрази на перформансите на играта.

Новиот енџин во играта е наречен Core и носи голем број подобрувања – напреден систем за осветлување, унапреден терен, вода која сега ќе реагира на тенковите и пукањето, дрвјата и грмушките ќе изгледаат подобро и подобро ќе реагираат на тенковите, ново небо, како и импресивен систем на уништување на објектите.

Повеќе од 25 мапи ќе добијат HD изглед, сè ќе изгледа многу подобро, но ќе дојде и до бројни промени во самите мапи во склад со новото опкружување.

Новитет е и тоа што музиката ќе се менува динамично во зависност од тоа како вашиот тим стои на теренот.

Впечатокот е дека во World of Tanks не очекуваат многу нови работи во 2018 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × 1 =