Иако се наоѓаат во Меѓународната вселенска станица и не се со своите семејства, астронаутите на НАСА, решиле на свој начин да го одбележат Божиќ.

Откако неодамна во екипажот се приклучиле уште три членови, тие донеле поклони од семејството и пријателите, кои можат да бидат видени како лебдат на објавените фотографии.

Астронаутите денот го поминале релаксирајќи се и забавувајќи се, толку колку што просторот тоа им го дозволувал.

Дел од атмосферата сподели насмеаниот Марк Ванде Хај на својот Твитер профил.

„Имаме пакети и подароци кои ги добивме од своите семејства и пријатели“, изјави еден од астронаутите порано.

Бидејќи од НАСА добиле слободен ден, го поминале во разговори со семејството, уживајќи во специјален оброк.