Американската агенција за напреден развој, DARPA, додели компјутерски грант за изработка на хакерски отпорен компјутер. Истражувачите од Универзитетот во државата Мичиген ќе имплементираат нов пристап за создавање на хардверски компоненти, од кои секоја ќе претставува неразградлива “загатка”.

3,6 милиони долари се наменети за развој на непробоен компјутер. Целта на проектот Morpheus е да се создаде машина која е непробојна за хакерски напади на хардверско ниво. Сите напади врз компјутерскиот софтвер и хардверот ќе бидат залудни.

Хардверот на Morpheus е опишан како “непробоен мозаик”, а информациите во системот ќе може брзо и во случаен редослед да се дистрибуираат на различни компоненти. Тод Остин, професор по информатика од Универзитетот во државата Мичиген, вели дека обидите за напад на овој компјутер ќе бидат еднакви на составување на Рубикова коцка, под услов на секое трепкање на корисникот, коцката да се преуредува.

Во текот на следните пет години, DARPA се надева дека ќе ги елиминира шансите за широко распространетите слабости. За таа цел, агенцијата издвои 50 милиони долари за развивање на хардверски хардвер, кои ќе ги направи најголемиот дел од постоечките напади бескорисни.