Компјутерската програма AlphaZero е најнов пример за тоа колку брзо се развиваат роботите и вештачката интелигенција (AI)

AlphaZero стана најдобриот шахист, победувајќи друг компјутер во маратон од 100 партии шах. Она што е застрашувачко е фактот дека програмата AlphaZero самостојно научила да игра шах за само четири часа. Дадени и се правилата на играта и инструкции да учи така што треба да се победува самата себе, пишува Daily Mail.

Софтверот не само што научил да игра, туку развил и потполно иновативни тактики и потези кои не биле забележани во повеќе од 1.500 години историја на шаховската игра.

Англискиот шаховски велемајстор Симон Вилијамс во шега вели дека на 6 декември AlphaZero загосподарила со светот на шахот, а подоцна ги поробил луѓето и ги претворил во свои миленици.

Инаку AlphaZero е програма на компанијата DeepMind кој што Google ја има купено во 2014 година за 400 милиони фунти. Станува збор за алгоритам кој учи по принципот на машинско учење. Колку повеќе информации има, толку е попаметен и го менува својот ум со ново знаење. Но, брзината со која станува попаметен е далеку над се од она што е можно кај луѓето.

Неговите способности нема да бидат важни само за играње шах, туку и за спасување на животите на луѓето. AlphaZero се користи во болници каде ги анализира наодите на пациентите со тумори во вратот и мозокот, а на ист начин оваа вештачка интелигенција ќе станува се подобра и побрза во анализата на наодите и подобро детектирање од луѓето.

Така, зрачењето би можело да биде многу попрецизно, и со многу помалку оштетување на здравото ткиво. Слично на тоа, во друга болница, робот анализира илјадници наоди од скенирање на очи.

Најголем проблем кај AlphaZero, Watson на IBM и слични софтвери е прашањето за приватноста и контролата во однос на предавањето на медицинските наоди на голем број луѓе во Google и слични компании. Инаку, Google вели дека сите податоци што ги анализира оваа компанија може да бидат ставени на располагање на NHS (Националната здравствена служба).