Најдобрите десет видео игри за 2017 година

Покрај музиката, филмовите и сериите не смееме да ги заборавиме и видео игрите кои излегоа во оваа година, а нив ги имаше многу.

Иако според гејмерите оваа година беше „сува“ и неисполнета со добри игри, сепак направивме листа од најдобрите 10 игри кои излегоа во 2017. Листата на најдобри игри за годината ја предводи The Legend of Zelda: Breath of the Wild, а на Топ 10 листата се најдоа уште неколку познати имиња.

Рангирањето на видео игрите е направено според нивната оцена на metacritic, интернет страна која се занимава со оценување на видео игри, филмови, серии и музика. Игрите се рангирани според нивниот metascore, начинот на оценување кој го користи metacritic.

Конечниот редослед изгледа вака:

  1. The Legend of Zelda: Breath of the Wild (Switch) – 97 metascore
  2. Super Mario Odyssey (Switch) – 97
  3. The Legend of Zelda: Breath of the Wild (WIIU) – 96
  4. Persona 5 (PS4) – 93
  5. Divinity: Original Sin II (PC) – 93
  6. What Remains of Edith Finch (XONE) – 92
  7. Undertale (PS4) – 92
  8. Mario Kart 8 Deluxe (Switch) – 92
  9. Shovel Knight: Treasure Trove (Switch) – 91
  10. Bayonetta (PC) – 90

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × 3 =