„Tesla” ја ограничува употребата на суперполначите

Компанијата Tesla соопшти дека сите нови продадени возила кои ќе бидат користени во комерцијални цели нема да можат да ја користат мрежата на суперполначи.

Под комерцијални возила, Tesla подразбира такси возила, автомобили за достава, транспорт, размена во форма на превоз итн.

 „Доколку го полните своето возило за цели кои не се предвидени со политиката за рамноправно користење на суперполначите, ќе ве замолиме да го смените вашето однесување. Може да преземеме и дополнителни мерки за да ја заштитиме достапноста на суперполначите за нивната оригинална намена, како што е ограничување или блокирање на можноста возилата да се приклучуваат на нив”, навела компанијата во своето соопштение.

Tesla ја воведе мрежата на суперполначи пред сѐ за да овозможи подолги патувања, но сопствениците на електричните возила започнале да ги користат и за други намени, па дури и во прилики за пократки патувања.

Оваа одлука на Tesla несомнено ќе погоди многу комерцијални компании ширум светот.

Пред неколку месеци, на најголемата такси компанија во Дубаи ѝ беа испорачани 50 автомобили модел S и X што се користат во рамки на аеродромскиот возен парк.

Исто така, голем број Tesla возила поседуваат и такси компании во Холандија, а сите тие ќе бидат принудени да побараат алтернативно решение за полнење на нивните автомобили.

Извор: B92.net

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen − six =