Huawei и Baidu објавија договор за стратешка соработка, кој се базира на платформи и технологија за вештачка интелигенција (AI), на интернет услуги и содржински (контент) екосистеми. Двете компании имаат за цел да развијат отворен мобилен и AI екосистем, изграден на заеднички успех, истовремено поттикнувајќи го развојот на нови апликации за AI и обезбедување на AI на глобалните потрошувачи која “ве познава подобро”.

“Иднината е за паметни уреди кои активно ќе ни служат, а не само да одговорат на она што им го кажуваме да го направат”, изјави Ричард Ју, извршен директор на Consumer Business Group од Huawei. “Со силно искуство во истражување и развој (R&D), Huawei ќе работи со Baidu за да ги забрза иновациите во индустријата, да ја развие новата генерација на паметни телефони и да им обезбеди на глобалните потрошувачи AI која ги познава подобро”.

“Не треба да се изненадувате дека Baidu и Huawei работат заедно, бидејќи имаме многу сличности – технологијата е вградена во нашата ДНК и ние развивме сопствени технологии за да растеме”, рече Робин Ли, претседател и извршен директор на Baidu. Huawei и Baidu планираат да изградат отворен екосистем користејќи ги платформата HiAI на Huawei и Baidu Brain.

Двете компании ќе работат заедно за препознавање на глас и слика за паметни уреди за да овозможат поголема човек-машина интеракција. Тие, исто така, ќе создадат заеднички екосистем за зголемена реалност (Аugmented Рeality – AR), комбинирајќи хардвер и софтвер за создавање на извонредно и достапно AR искуство за секојдневните потрошувачи.

По една деценија на брз напредок, индустријата за мобилни телефони достигна критична точка во својот развој, а следната генерација на паметни телефони е на хоризонтот. Интерактивните технологии, вклучувајќи и AI ќе ја водат индустријата напред. Првично развиени да бидат лични алатки, мобилните телефони ќе станат природна екстензија на човечкото тело. На оваа критична точка во индустријата, Huawei и Baidu ќе продолжат да ги приоретизираат потребите на потрошувачите и да ги поттикнат силните страни на другата партнерска страна за да формираат партнерство кое ќе биде од корист за сите.

Huawei е водечки производител на паметни телефони во светот. Huawei активно ја истражува иднината на паметни технологии за да го подобри дигиталното искуство, кое вклучува иновации во 5G, АI, AR, виртуелната реалност (VR) и други сродни домени. Во 2017 година, Huawei го објави “Мате 10”, првиот паметен телефон во светот со вграден AI чипсет, Кирин 970. Huawei активно го гради екосистемот HiAI врз основа на овие чипови.

Baidu е водечки интернет пребарувачки провајдер на кинески јазик. Baidu има за цел преку технологијата да го направи сложениот свет поедноставен за корис