Сите професии или барем повеќето, кои денес ги извршуваат луѓе, во иднина ќе ги вршат роботи. Сепак, некои професии и понатаму ќе и останат само на луѓето.

Станува збор за електричарите, медицинските сестри и водоинсталатерите, тврди експерт за вештачка интелигенција.

Американскиот автор Мартин Форд, кој штотуку објави бестселер околу роботите, тврди дека луѓето наскоро нема да можат да се натпреваруваат со роботите во повеќето професии.

„Појавата и развојот на работите ќе биде одлична работа, бидејќи луѓето повеќе нема да мораат да ги вршат досадните, рутински работи“, вели Том Вотсон, лидер на британските лабуристи.

Од друга страна, Форд, автор на книгата Rise of the Robots: Technology and the Threat of a Jobless Future, предупредува дека луѓето нема премногу да бидат воодушевени од фактот за револуцијата на вештачката интелигенција и фактот дека ќе бидат заменети со „машини“.

Единствено подрачје каде луѓето можат да бидат сигурни дека нема да бидат заменети со роботи се работите кои бараат агилност, координација на очите и рацете и флексибилност.

Тоа се изучени професии како водоинсталатер и електричар.

Исто така тврди дека не мораат да се грижат ниту медицинските сестри, бидејќи таа работа бара емпатија и грижа, а барем во блиска иднина роботите нема да можат да ги заменат луѓето ниту во креативните професии.

Форд го изјави ова само еден ден откако Вотсон изјави дека многу се пишува околу влијанието на технолошките промени и деликатната иднина што можеме да го препишеме на развојот на роботите.

„Се чини како да се подготвуваме за свет во кој наместо човечка работа и настојување, секој аспект од социјалниот и економскиот живот ќе ги обликува вештачката интелигенција, алгоритмите и автоматизацијата. Звучи застрашувачки, но воопшто не мора да е така. Препуштајќи и на машините во 21 век да ги вршат досадните и рутински задачи на работното место, луѓето ќе добијат слободно време да се занимаваат со професии кои ќе придонесат за поголема економска корист“, пишува Daily Mail.

Извор: B92.net