Професорот на Универзитетот во Токио, Такузо Аида, заедно со неговиот тим, разви нов вид на стакло, чија што функција е брзо „опоравување“ од настанатата штета во вид на крешење. Ова стакло може да им стави крај на сите проблеми кои денеска ги имаме со стаклата на екраните на смартфоните.

Иако оваа идеја не е нова, истражувачите уверуваат: успеале да постигнат многу подобри резултати од сите нивните претходници. Интересно е што првично, јапонски научници планирале да создадат нова леплива супстанција. Тие користеле политиоуреа, слична по својства на гумата. Но, во некоја фаза од развојот, материјалот  почнал да се стврднува, станувал мазен на допир, и по деформацијата се враќал во својата првобитна состојба. Ова им дало идеја да се обидат со изработка на смеса за стакло.

https://www.youtube.com/watch?v=fP–cjG7o5g

Во текот на експериментите било откриено дека кога материјалот е поделен на половина, двата дела може да се спојат заедно, а по 10 секунди се добива и цело стакло. Истражувачите ќе продолжат да го проучуваат новиот материјал, се до моментот кога истиот ќе биде подготвен за комерцијална употреба.