„Лајонес Македонија“ прогласен за сајт на годината

Интернет страницата на трговската мрежа „Лајонес Македонија“ е прогласена за Сајт на годината за 2017. година. Наградите беа свечено доделени во рамките на манифестацијата „Сајт на годината“ што во саботата, на 16 декември, се одржа во фоајето на Македонската опера и балет.

Годинава манифестацијата се одржа по осми пат, а во организација на дигиталната маркетинг агенција „Media Solutions“, како и со поддршка на Министерството за култура, и Град Скопје.

„Сајт на годината низ годините прерасна во престижна манифестација, која има за цел да ги истакне и награди најдобрите сајтови во изминатата година во повеќе категории, и да го вреднува трудот на големиот број млади и талентирани автори од повеќе области кои работат во веб издаваштвото“, се вели во соопштението за манифестацијата.

Доделени беа награди во повеќе категории, при што, како и во претходните изданија, интернет корисниците беа тие што ги кандидираа сајтовите за овој натпревар. Победникот, исто така, е избран според гласовите од интернет посетителите.

Според доделените гласови избрани се најдобри сајтови во повеќе категории, како и најдобра мобилна апликација.

Победници во категоријата на интернет страници:

Најдобар Сајт за 2017 година

Трето место: CRNOBELO.com
Второ место: Grouper.mk
Прво место: Lyoness Macedonia

Храна и здравје:

Трето место: coolinari.mk
Второ место: MAMA’s – Macedonian Traditional Recipes
Прво место: Gotvi.mk

Мода и Убавина:

Трето место: Reborn
Второ место: Ubavina & Zdravje
Прво место: DIVIANARTS.COM

Автомобилизам:

Трето место: AvtoPortal
Второ место: Mercedes-Benz Makedonija
Прво место: KRUG.MK

Туризам и угостителство:

Трето место: Aurora tours
Второ место: SAVANA Tourist Enterprises
Прво место: ExploringMacedonia.com

Финансиски услуги, банкарство и осигурување:

Трето место: Silk Road Bank / Силк Роуд Банка
Второ место: Винер Осигурување / Winner – Vienna Insurance Group
Прво место: credissimo.mk

IT и Електроника:

Трето место: IT.mk
Второ место: setec.mk
Прво место: Neptun

Најдобар сајт за владини/државни институции:

Трето место: krivapalanka.gov.mk
Второ место: Фонд за иновации и технолошки развој
Прво место: РСБСП

Најдобар сајт за невладини организации:

Трето место: Дајте ни Крилја
Второ место: LGBT United Tetovo
Прво место: Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Куманово

Образование, наука и култура:

Трето место: Makedonska Opera i Balet – Macedonian Opera and Ballet
Второ место: KupiKniga.mk
Прво место: fakulteti.mk

Е-трговија и огласи:

Трето место: Pazar3.mk
Второ место: Lyoness Macedonia
Прво место: grouper.mk

Најдобар корпоративен сајт:

Трето место: Cineplexx MK
Второ место: Ledikom Mobile Store
Прво место: vrabotuvanje.com

Најдобар мобилен сајт:

Трето место: GRID.mk
Второ место: Кarti.com.mk
Прво место: Grouper.mk

Најдобар блог:

Трето место: karas4training.com
Второ место: Literatura.mk
Прво место: Brainster

Спорт:

Трето место: Sportski.mk
Второ место: karas4training.com
Прво место: Gol.mk

Забава:

Трето место: Panika.be
Второ место: Eden na Eden
Прво место: motika.com.mk

Вести и информации:

Трето место: Biznis Katalog
Второ место: Телевизија 24
Прво место: fakulteti.mk

Во категориите на апликации, за најдобра е избрана апликацијата „Grouper“, на второ место е „Мој Воздух“, а на трето место е НЛБ Клик Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 4 =