Министерот за надворешни работи на Унгарија, на состанок во Силиконската долина, на претставниците на Tesla им понудил големи даночни олеснувања и други бенефиции во замена за компанијата својата нова Gigafactory да ја отвори во Унгарија.

Целата работа стана актуелна, бидејќи Tesla објави дека е во потрага по место во Европа за својата нова фабрика. Петер Сијарто, министерот за надворешни работи на Унгарија, по средбата изјавил дека владата има за цел Унгарија да ја направи позната во целиот свет односно како земја која има големи надежи во автомобилската индустрија. Тој вели дека лидерите на компанијата Tesla реагирале позитивно на неговата понуда, како и на фактот дека даноците во Унгарија се најниви во Европската унија, само 9%.

Tesla до крајот на оваа година треба да отвори две станици за полнење на батерии за електрични возила во Унгарија, а до крајот на 2019 дури 3.000.

Во Унгарија, во автомобилската индустрија се вработени повеќе од 100.000 луѓе. Најголемата фабрика е на Audi, а свои фабрики имаат и Daimler, PSA Group и Suzuki. Дали во друштвото ќе се приклучи и Tesla, останува да видиме.