Британскиот моден дизајнер Стела Мекартни успеа да направи патики од рециклирани материјали кои комплетно можат повторно да се рециклираат. Подлогата на обувките е без лепак и е од видот Glueless Running Sneaker кој е создаден од био-гума. Сите делови на патиките и структурите се распаѓаат и можат да се рециклираат.

Патиките може да се купат во шест различни бои, вклучувајќи црна, сина, портокалова, црвена и бела боја. Овој нов модел е дел од колекцијата пролет-лето 2018 и веќе можат да се набават преку официјалната веб-страница на дизајнерката. Нивната цена варира од 625 до 725 долари.