Во држави во кои што оперира Uber, овој начин на превоз важи за поекономичен од стандардните такси компании, па во последно време е сериозна замена. Ниската цена не беше достапна и за Hisham Salama. Тој повикал возило од Uber во Торонто (Канада) за превоз од околу 8 километри, а тоа патување би требало да чини околу 12 до 16 долари. За негова штета, му била доставена сметка на неговата банкарска сметка од 18.518 канадски долари, односно околу 14.401 долари.

Најнапред од Uber изјавиле дека сметката е точна и дека нема да ги вратат парите кои што ги бараат за овој краток превоз. За кратко време информацијата крева голем интерес на Twitter, па и од компанијата Uber дојде поинаква реакција. Компанијата реши да смени својата одлука па на патникот нема да му биде наплатена оваа огромна сума.