Продадени над 10 милиони Nintendo Switch конзоли за 9 месеци

Преносната, но моќна конзола, годинава беше полн погодок за компанијата Nintendo, бидејќи за само девет месеци се продадени над 10 милиони Nintendo Switch конзоли.

Огромниот успех се должи и на одличната понуда на игри и враќањето на неколку култни франшизи од минатото, како што се – „Леџенд оф Зелда“ и „Супер Марио: Одисеја“, коишто ги привлекоа и повозраните љубители на Nintendo забавата. Секако, тука се и видео игрите „ФИФА 18“, „Рокет Лига“, „ТЕС-В: Скајрим“, „Л.А. Ноар“, „Стардеј Воли“…

Од компанијата, за 2018. најавуваат уште побогата понуда, што ќе ги вклучува и: „Волфенстајн 2“, „Бајонета“ 1., 2. и 3. дел, како и „Мега Мен 11“ и „Ранер 3“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four + fifteen =