Oткако се појавија фотографиите од изгледот на Galaxy S9, само неколку часа подоцна се појавија и фотографиите од дизајнот на неговиот поголем брат, Galaxy S9 Plus. Да погледнеме:

На прв поглед, Samsung Galaxy S9+ изгледа речиси исто со Galaxy S9. Една од разликите меѓу двата уреда е во камерите, бидејќи Plus верзијата ќе доаѓа со дуален систем камери, а обичната со една камера. За разлика од Galaxy Note 8, дуалниот систем камери на S9 Plus ќе биде поставен вертикално, а не хоризонтално.

Интересно е што Galaxy S9+ ќе доаѓа со 6.1 инчен дисплеј, кој е само 0.1 инч помал од оној на Galaxy S8 Plus. Неговите димензии ќе бидат 157.7 x 73.8 x 8.5 mm, што значи дека ќе биде малку понизок од Galaxy S8+ (159.5 x 73.4 x 8.1 mm) и малку подебел.

Со Galaxy S9+ и S9, Samsung изгледа дека ги следи чекорите на Apple со iPhone и iPhone Plus моделите, нудејќи подобрени камери кај поголемата верзија.