Трендот на изградба на облакодери во 2017 година продолжи да оди нагоре. Според извештајот на Советот за градба на високи објекти и урбани живеалишта (CTBUH), во текот на оваа година на повеќе локации во светот се издигнале уште 144 облакодери високи над 200 метри.

Највисоката градба за оваа година е 599 метри. 2017 година е година на нови рекордни градби. Оваа година облакодери над 200 метри се изградени во 23 светски земји. Од нив, вистински рекордер е Кина каде за една година се изградени 76 нови облакодери.

„Податоците од 2017 покажува продолжување на трендот на поголема глобална пролиферација на изградба на облакодери“,вели извршниот директор на CTBUH, Ентони Вуд.

Во извештајот се наведува дека изградбата на облакодери постојано се зголемува во текот на изминатите четири години. Оваа година бројот на нови облакодери е двојно поголема од она во 2013 година.