Фосилни остатоци од пингвин со големина на човек откриени се во Нов Зеланд соопшти новозеландскиот национален музеј Те Папа, а ова откритие ќе го промени мислењето на научниците околу еволуцијата на птиците.

Фосилот бил пронајден во карпа за која се проценува дека е стара меѓу 55 и 60 милиони години.

Алан Тенисон, научник од новозеланадскиот музеј, првиот дел од скелетот го открил во 2004 година. Меѓутоа, за извлекување на коските,  кои формираат некомплетен скелет, морал да почека до 2015 година, кога била достапна технологија за такво нешто.

Врз основа на величината на коските, научниците проценуваат дека пингвинот бил висок 165 сантиметри, што е просечна висина на човек, како и тоа дека имал 100 килограми.

Денешниот највисок пингвин, царски пингвин, висок е 110 сантиметри и тежок 23 килограми.

Тенисон смета дека тој фосил има огромна глоболна важност и покажува дека џиновските пингвини биле меѓу првите кои се развивале.

„Ова досега беше непознато“, изјави Тенисон.

Новата врста била наречена „птица чудовиште“, поради нејзините димензии.

Овој проект во кој биле вклучени научници од Нов Зеланд и Германија, објавен е во онлајн магазинот Nature Communications.

Извор: B92.net