Државната телевизија на Северна Кореја емитуваше прилог од конференцијата за воено наоружување, а притоа на гледачите впечаток им остави една слика на ѕидот која се гледа во позадина.

На неа се гледа поранешниот лидер на таа земја, Ким Џонг-Ил, како истражува оружје за масовно уништување за кое се верува дека претставува атомска бомба.

Спорната фотографија би можела да се види во позадината на снимката која досега воопшто не била објавена.

Аналитичарите сметаат дека станува збор за атомска бомба, затоа што постојат многу сличности со фотографиите на кои Ким Џонг-Ун ја контролира работата на хидрогенската бомба.

Не се знае точно кога е фотографијата направена, но се верува дека тоа било помеѓу 2006-та и 2009-та година кога Ким Џонг-Ил ги надгледувал нуклеарните тестови.

Сепак, постои можност да не станува збор за реална опасност, туку за лажна атомска бомба или некоја макета.