Индијанците од племето Матсес (Matsés) од Јужна Америка, кои живеат по должината на бреговите на Амазон во Перу и Бразил, одгледуваат плантажи на лековити растенија и дрвја. За домородните племиња овие „лековити шуми“ станаа начин и место за зачувување на традиционалното знаење и пренесување од генерација на генерација. Покрај тоа, за пренесување на знаењето во рамките на племето, старешините на Матсес направиле и посебен регистер на 1044 страници, како еден вид на енциклопедија на лековитите растенија кои се наоѓаат во амазонската шума.

Работата на изготвување на оваа медицинска енциклопедија за растенијата во амазонската прашума траела цели пет години. Ова е првата енциклопедија базирана на знаењата собрани од амазонските исцелители. Инаку, плантажата на лековити растенија се засадени во регионот Лорето во близина на селото Буенос Ломас Нуева во Перу.

„Постојат сите видови растенија и дрвја, околу 100 видови, 3000 растенија кои ги имаме на плантажата“, изјавиле шест млади преставници на племето.

Садењето лековити шуми беше еден од проектите во соработката со непрофитната американско-перуанска организација Acaté Amazon Conservation.