(ВИДЕО) Тим составен од пензионери доминира во „Кантер страјк“

Најстариот тим кој официјално се натпреварува на турнири во видеограта „Counter Strike: Global Offensive“ е составен од пензионери што во просек имаат по 71 година.

Станува збор за екипата „Сребрени снајпери“ која доаѓа од Шведска.

Introducing The Silver Snipers

Meet the oldest team in CS:GO 👴👵🔫

Posted by GAMINGbible on Montag, 11. Dezember 2017

Најстариот играч има 81 година, додека најмладата членка (со духовит прекар „Teen Slayer“) има 62 години.

Членовите на „Сребрените снајпери“ велат дека играњето CS:GO им ја подобрило самодовербата и менталното здравје. Инаку, нивнот најнов настап беше на неодамнешниот турнир DreamHack Winter 2017 во Шведска.

За таа цел тие дури ангажирале и професионален тренер кој ги подготвувал за настапот.

Bring it on!

A post shared by @lenovosweden on

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen + eleven =