Квалитетот на животот во Шведска е меѓу најдобрите во светот. Но, во што се крие неговата тајна?

Според една неодамнешна студија, Швеѓаните имаат здрав живот, затоа што се држат до една стара практика, која вели: Животот е во природата! Знаејќи колку корисни корисни ефекти врз здравјето има престојот во природа, Швеѓаните практикуваат престој од само 72 часа во средина опкружена со дрвја и ливади за да останат здрави.

Врз основа на резултатите од ова истражување, во Шведска веќе постои како практика т.н. „72-часовна кабина“, соба со стаклени ѕидови во која може да останете неколку дена и да бидете во непосреден контакт со природата. Ефектите врз оние кои се пријавиле да бидат „заморчиња“, се покажале како неверојатни. Природата и здравјето одат под рака, ќе ви кажат Скандинавците.