Американската сонда LRO (Lunar Reconnaisance Orbiter), детектираше нови резерви од мраз во осветлените јужни поларни области на Месечината.

Научниците се обидуваат да ја решат мистеријата за тоа зошто мразот не испарува под влијанието на Сончевите зраци. Ова е многу важно не само за колонизацијата на Месечината, туку и за настанокот на водата на Земјата.

Научниците долго време мислеа дека мразот на Месечината се наоѓа само на местата каде температурата е доволно ниска за негово формирање и одржување. Но, не биле во право. Покрај тоа, новото откритие значително ја зголемува количината на водата која се наоѓа во нашиот природен сателит. Со помош на сондата за набљудување на површината на Месечината од орбитата на LRO, со сигурност се знае дека мразот се наоѓа во зоните со поголема температура.

Серијата откритија од LRO, кој кружи околу Месечината од јуни 2009 година, започнале кога по ударот на сондата LCROSS во површината на Земјата, се детектирани трагите вода во кратерот Кабеј. Потоа, LRO откри мраз во зоните на вечниот мрак, на дното на поларните кратери, каде Сончевите зраци не можат да допрат. Во тие темни и многу ладни области, водениот мраз постои милиони години и теоретски може да се смета како вечен. Основната теорија на неговото настанување е дека во текот на еволуцијата на Месечината, многубројните комети богати со воден мраз ја бомбардирале нејзината површината. Тие кои паднале на дното на поларните кратери, каде Сончевите зраци не можат да допрат, практично таму оставиле милиони тони воден мраз, кој таму постои од најраната фаза на животот на Месечината.

А тогаш, во 2012-та година, сондата, со помош на рускиот неутронски детектор LEND за првпат открил траги на мраз и на осветлените делови од кратерот. Податоците кои биле добиени укажале каде концентрацијата на водениот мраз е најголема.

Во јуни 2017-та година дошле нови откритија на мраз во осветлените области околу јужниот пол со помош на американските инструменти LOLA (ласерски висинометар) и DIVINER (инфрацрвен термометар), кој е способен да регистрира и најмала варијација на температура на површината на Месечината. Врз основа на добиените податоци, научниците направиле две мапи, кои покажуваат колку се топли различните области на Месечината и со каква ефикасност рефлектираат светлина. Комбинациите од овие параметри овозможуваат прецизно да се одредат местата каде се наоѓаат големи резерви од мраз. Тие области се типично ладни во однос на сувата површина на Месечината и подобро ја рефлектираат светлината.

Текстот е преземан од веб-страницата на Скопско астрономско друштво www.astronomija.mk