Од француската влада соопштија дека од почетокот на следната училишна година, на учениците од основните и средните училишта ќе им биде забрането користење на мобилните телефони.

На децата ќе им биде дозволено да ги донесат телефоните во училиште, но нема да им биде дозволено да ги користат додека трае наставата. Министерот за образование Жан-Мишел Бланкер изјави дека новата мерка стапува на сила од септември 2018-та година.

Користењето на мобилните телефони е забрането во училниците ширум училиштата во Франција, но со новата мерка тамошните власти сакаат да ја прошират забраната на сите училишни простории.

Оваа најава ги отвори прашањата како новата мерка ќе биде применета, каде ќе се чуваат телефоните, како професорите ќе проверуваат дали учениците ги почитуваат правилата и слично.

Министерот Бланкер изјави дека моментално се расправа околу сите прашања, додавајќи дека понекогаш мобилните телефони се потребни поради итни ситуации или во едукативни цели, но исто така нагласи дека нивната употреба во училиштата ширум Франција мора да се контролира.

Извор: Kurir.rs