Nvidia ја објави најмоќната графичка картичка која што е направена некогаш – нејзиното име е Titan V.

Станува збор за првата графичка картичка на светот која што е центрирана околу Волта архитектурата. Сепак, многумина се сомневаат дека оваа графичка карта ќе има голем успех во продажбата, затоа што иако нуди неверојатни перформанси, сепак најголем проблем е цената која што изнесува 2,999 долари.

Од Nvidia тврдат дека графичката карта е дизајнирана за научни симулации и истражувања околу вештачката интелигенција, па можеме да замислиме само какви перформанси ќе нуди кога станува збор за светот на гејмингот.

Titan V поседува неверојатни 21 милијарда транзистори, 12 GB HBM2 меморија, 5120 CUDA јадра и 640 Tensor јадра.

„Нашата цел беше да ги пробиеме надворешните можности на графичките картички. Со новата архитектура и процесорите, ние поставивме нови темели. Titan V заминува во рацете на истражувачитеи едвај чекам да видам што ќе пронајдат научниците со помош на оваа графичка карта“, изјави директорот на Nvidia, Јенсен Хуанг.

Засега нема информации околу тоа кога оваа графичка карта ќе биде пуштена во продажба за лична употреба, односно за гејмерите.

Извор: Bug.hr