NASA за во четврток најави посебна конференција за новинари, а научната јавност и медиумите шпекулираат дека станува збор за докази за постоење на некој облик на вонземски живот, или пак за податоци околу откритие на ново настанати планети.

Американската вселенска агенција NASA ќе одржи брифинг во четврток на кој треба да го објави најновото откритие направено од вселенскиот телескоп – ловец на планети – Кеплер.

Откритието го направија истражувачи кои ја користеле машината на Google за анализа на податоци. Оваа специјална машина е приод кон вештачката интелигенција и покажува нови начини за анализирање на податоците на Кеплер во потрагата по планети на кои би имало услови погодни за живот.

NASA соопшти дека на брифингот ќе се фокусира на работата направена од телескопот Кеплер, заедно со системот за вештачка интелигенција на Google во потрага по потенцијално населени светови. Останува да видиме за какво откритие станува збор.