Без разлика дали сакаме или не, Facebook се менува од ден на ден. Неодамна социјалната мрежа го отстрани „Тикер“, полето од десната страна на вашиот News Feed во кое пишуваше што вашите пријатели лајкнуваат, коментираат и така натаму. Отстранувањето на оваа функција пристигна по неколку недели откако корисниците забележале дека повеќе ја нема рамката. Како што стојат работите, минатата недела на официјалниот состанок на техничката поддршка на Facebook некој потенцирал дека ја нема оваа рамка, на што претставник на Facebook изјавил дека оваа функција повеќе не постои.

Во принцип, Facebook е познат по тоа што систематски ги елиминира несаканите и непопуларните функции. Ова го прави бидејќи функциите на корисниците едноставно не им се од корист или ако сакаат да истакнат некои што за Facebook се доста поважни. Тикерот првпат беше претставен во 2011 година заедно со воведувањето на алгоритамскиот News Feed. Наместо да ги прикажува најновите објави на вашите пријатели, алгоритмот одбираше работи за кои можеби сте заинтересирани, како и оние што во моментот се доста популарни. Работата на „Тикер“ беше да го подобри тоа искуство овозможувајќи ви краток преглед на најновите објави.

Како и сè друго на интернет, така и „Тикер“ бил злоупотребуван – корисниците го нарекувале „ѕидот за шпионирање“ затоа што на корисникот му давал можност директно да ги набљудува пријателите и нивните активности на Facebook.

Извор: Tportal.hr