Сите познаваме некој кој често е недостапен затоа што брзо ја троши батеријата на телефон или можеби и самите сме такви. Меѓутоа, белегзијата Bolt Charging Bracelet би можела да биде решение. Белегзијата не изгледа како паметен часовник, па никој нема да забележи дека не е обична. Bolt Charging Bracelet е убаво дизајнирана, направена е од квалитетен материјал кој лесно ќе се вклопи во вашиот изглед, а внатре содржи модерна технологија, односно USB и Lightning конектор.

Како што пишува Klix.ba, белегзијата, всушност, засега служи како кабел за полнење само на iPhone, така што тие со Android уреди ќе треба да почекаат на евентуална нова верзија. Вообичаената цена на белегзијата е 75 dolara, на акција може да се купи за 45,99 долари, додека ограничен временски период ќе биде со 60% попуст, односно само 29,99 долари.

Извор: Klix.ba