YouTube планира да претстави платена музичка услуга во март 2018. година, пренесува Bloomberg, повикувајќи се на извори кои се запознаени со темата. Ова ќе биде трето искуство на матичната компанија Alphabet Inc. да се израмни во оваа сфера во однос на конкурентите Spotify и Apple.

Новата услуга би помогнала да се смират раководителите на компаниите од музичката индустрија, кои бараат повеќе приходи од YouTube. Warner Music Group, еден од трите најголеми светски издавачки куќи, веќе потпишала договорот.

YouTube е во преговори и со другите два големи издавачки куќи – Sony Music Entertainment и Universal Music Group, како и со Merlin, конзорциум од независни издавачи, појаснуваат изворите.

Платените услуги од Spotify и Apple Music стимулираат обновувањето на музичкиот бизнис, кој повторно е во пораст по речиси две децении на опаѓање. И сепак големите дискографски куќи тврдат дека растот ќе биде уште значителен, ако се вклучи и YouTube, и покрај тоа што ја критикуваат дека не ги компензира доволно со оглед колку луѓе го користат сајтот за да слушаат музика.

Музиката е еден од најпопуларните видео жанрови на YouTube, кој привлекува повеќе од една милијарда месечни корисници.

YouTube не успеа да го постигне истиот успех како Apple или Spotify во убедувањето на луѓето да се приклучат на нејзините платени музички услуги, иако се обиде да го стори тоа. Во 2011-та година, Google го објави сервисот за проследување на аудио Google Play Music. YouTube Music Key дојде во 2014-та година, давајќи им на претплатниците музички видеа без реклами. Оваа услуга се трансформира во YouTube Red во 2016. година, овозможувајќи им на корисниците да гледаат видео содржини без рекламирање.

Новата услуга наречена Remix, ќе вклучува сличен на Spotify стриминг на барање и ќе вклучува елементи од YouTube, како видео клипови, велат изворите за агенцијата. YouTube се поврзал со изведувачите, за да побара помош при промовирањето на новата услуга, тврди еден од изворите на Bloomberg.