Овој четврток, за време на интервјуто за CNBC, водителот на емисијата Џим Крамер го запраша извршниот директор на Boeing Денис Миленбург, дали неговата компанија ќе може да ја престигне компанијата Space X на Илон Маск.

„Работиме на ракета од новата генерација во соработка со клиенти од НАСА, а нејзиното име е „Space Launch System“, изјави Миленберг.

„Станува збор за летало кое ќе можеме да го тестираме во 2019 година и со кое планираме да ја посетиме Месечината“, додаде тој.

Сепак, Миленберг ме планира да застане на Месечината.

„Со текот на времето ќе отпатуваме и на Марс и искрено верувам дека првата личност која ќе зачекори на Црвената планета ќе излезе од ракетата на Boeing“, вели тој.

Ова беше директен предизвик за Маск и неговата Space X програма, што резултираше со „краток и сладок“ одговор на Твитер.

И покрај тоа што се чини како стандардна епизода на која се навикнати корисниците на оваа социјална мрежа, би требало да се земе во предвид фактот дека Маск многу сериозно ги сфаќа предизвиците.

За потсетување директорот на компанијата Tesla, ги предизвика гигантите на сериско произведство на електрични автомобили, успеа да произведе ракета со вертикално слетување, започна ископување на тунел за подземна железничка во Лос Анџелес и најважно од се  – константно работи на Space X ракета преку која планира да ги пренесува луѓето до Марс.

Извор: B92.net