Бројот на интернет корисници ќе достигне 3,46 милијарди до крајот на оваа година, вели едно од последните истражувања на „eMarketer“. Тоа практично значи дека речиси 47% од населението на нашата планета, барем еднаш месечно употребува интернет од својот персонален компјутер, лаптоп или мобилен телефон.

Аналитичарите велат дека следната година над 50% од популацијата на планетава ќе биде „врзана“ на интернет. Тоа во бројки веројатно ќе надмине 3,84 милијарди луѓе. Во 2019 година, прогнозите велат дека интернетот ќе стигне до домовите на 4,14 милијарди луѓе, или 53,7% од вкупното население на планетата.

Според последните анализи, најголемиот број на луѓе во светот кои користат интернет, тоа го прават на своите мобилни уреди. 2,73 милијарди луѓе се веќе поврзани со мрежата користејќи мобилни телефони. Најголемиот дел од нив (87,4%) се сопственици на паметни телефони.