Огромната популарност на Instagram Stories придонесе овој популарен сервис за споделување на фотографии да развие нови функционалности.

Па така, Instagram промовираше две нови можности кои овозможуваат зачувување на сите објавени Stories (приказни) и нивно повторно споделување. Функционалноста е развиена до тој степен што може да се објават повеќе Stories и со тоа да се одбележи некој настан или важно случување.

Stories Archive и Stories Highlight се имињата на двете новини и истите функционираат на следниот начин. Сите објавени Stories ќе бидат зачувани по нивното истекување во нов дел од профилот на корисниците на Archive. Истите ќе бидат прикажани според датум, од најнов до најстар. Од тука тие ќе може да се споделат повторно како Stories или во директна порака. Она што ги прави работите поинтересни е функцијата Stories Highlight

Highlights овозможува повеќе од старите Stories и споделување како едно видео, односно слика. Истите ќе бидат прикажувани во нов дел од профилот, веднаш над сликите. Highlights ќе може да се создаваат со притискање на копчето за таа намена на профилот, а истите ќе може да се именуваат за подобро да се истакне за што се работи.