Хакери веројатно украле биткоин вредни 70 милиони долари по сајбер-нападите против платформата за крипто-валутата „NiceHash“.

Корисниците на платформа известуваат за сајбер криминалот во „Reddit“ и „Twitter“, а некои тврдат дека би можеле да изгубат стотици долари.

„NiceHash“ им овозможува на луѓето да обезбедат компјутерски способности за таканаречените „копачи“, кои „копаат“ крипто-валути.

Од платформата првично објавија во „Twitter“ дека услугата е „во техничка профилакса“, a потоа додадоа дека „работат напорно“ за да ги решат проблемите, кои ја спречуваат активноста на сајтот.

Во својата изјава, „NiceHash“ објави дека „ја испитуваат природата на инцидентот“ и дека сајтот нема да работи за тој ден.

„Ние истражуваме колку биткоини се земени“, соопшти компанијата.

Од „NiceHash“ првично не можеа да одредат колку точно биткоини биле украдени, но корисниците зборуваат за биткоин портфолио, кој содржи 4.736,42 биткоини, што е еквивалентно на повеќе од 70 милиони долари.

Маркетинг директорот на компанијата Анреј Шкраба, ја потврди за Ројтерс веста дека околу 4 700 биткоини во вредност од околу 70 милиони долари биле изгубени при хакерски напад.